Во Собранието седнуваат шест нови пратеници, на местото на избраните градоначалници
Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.
Локалните избори 2021 донесоа промени во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг од изборите. Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица. На негово место треба да дојде Љубица Спасова со реден број 12 од листата на партијата на минатите избори.
Тимчо Муцунски е нов градоначалник на Општина Аеродром. На негово место доаѓа Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на осмото место на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица.
Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Општина Бутел. Во собраниските купи ќе го замени Зоран Коцевски, кој на листата на пратеници во втората изборна единица беше на осмото место.
Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Штип, и на неговото место во Собранието доаѓа Драган Ковачки од третата изборна единица.
Во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и Биљал Касами од БЕСА во Тетово.
На дневен ред на 51 седница се вкупно 14 точки, меѓу кои Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, предлог-законите за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатура, за граѓанска одговорност за навреда и клевета, сите во прво читање.
Пратениците треба да дискутираат и за Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа