Македонија
22. јуни 2019 - 10:32

Во Собранието ќе се одржи „Жан Моне Дијалог 2“

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска и утре ќе се одржи вториот дијалог од процесот „Жан Моне“, со кој ќе копретседаваат европратеникот и известувач за нашата земја Иво Вајгл и европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, претседателот на Парламентот, Талат Џафери ќе има средба со европратениците, пред отворањето на дијалогот.

Прес-конференција за исходот од вториот дијалог во рамки на процесот утре ќе оджат претседателот на Собранието, Џафери и тројцата европратеници, копретседавачи на дијалогот – Вајгл, Кукан и Флекенштајн.

Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа изминатата година во Охрид.