Во Словенија и официјално на 18 мај се отвораат градинките и училиштата
Министерството за образование, наука и спорт на Словенија објави дека на 18 мај и дефинитивно се отвораат училиштата и градинките, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Сите приватни и државни градинки ги прават последните подготовки за да можат за помалку од две недели да продолжат со нормална работа.
Што се однесува до училиштата, први на редовна настава ќе се вратат децата од прво, второ и трето одделение, а тие од девето со настава ќе продолжат на 25 мај.
Според најавите до крајот на оваа недела градинките и училиштата ќе ги објават сите детали околу повторното стартување на воспитно-образовниот процес. Националниот институт за јавно здравје излезе со насоки и стандарди за безбедност кои треба да ги исполнат образовните установи со цел да се спречи можното ширење на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен