Во следните неколку дена ќе се објават Уставните амандмани во Службен весник
По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.
Потоа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на конечната спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.
– По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени, се наведува во соопштението
МНР во соопштението подвлекува дека сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток