Во Скопје викендов 25 сообраќајки, 23 повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 25 сообраќајни незгоди од кои во две потешко се повредени две лица, во 10 со полесни повреди се здоблиле 21 лице, а 13 поминале само со материјална штета.
Во петокот сообраќајната полиција изврши увид на 13 сообраќајни незгоди од кои во две со потешки повреди се здобиле еден пешак и еден возач на трактор, во пет полесно се повредени 12 лица, а шест поминале со материјална штета.
Во саботата извршен е увид на четири сообраќајни незгоди од кои во една полесно е повредено едно лице, а три се со материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден се случиле осум сообраќајки. Од нив во четири полесно се повредени осум лица, а четири поминале само со матаријална штета.
Викендов полицијата санкционирала 72 возачи што не ги почитувале ограничувањата на движење на возилата, 11 возачи што ги управувале своите возила под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај, девет возила што поминале на црвено светло на семафор, како и 30 возачи кои за време на управување на моторните возила не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон. Санкционирени се и 72 возачи што ги управувале своите возила без возачка дозвола или нерегистрирани, 52 непрописно паркирани возила и 14 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли што не носеле заштитен шлем на глава. Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 82 возила.
Ново на Сител
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени