-->
-->
Во Скопје вчера девет сообраќајки, двајца загинати и тројца повредени
-->
Двајца возачи загинале, еден пешак е тешко повреден, а две лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.
Полицијата исклучила од сообраќај еден возач почетник и 13 лица пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и 17 нерегистрирани и четири технички неисправи возила.
Изречени се 80 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 49 возила.
Сообраќајната полиција санкционирала и осум возачи кои поминуваат на крстосница на црвено светло, седум кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест лица за неносење заштитен шлем, четворица за неносење сигурносен појас, 11 за зборување на мобилен телефон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево