-->
-->
Во Скопје вчера биле изречени 171 санкции во сообраќајот
-->
На територијата на град Скопје, вчера биле изречени вкупно 171 мерки при засилена акциска контрола во сообраќајот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од изречените мерки, за возење повеќе од дозволената брзина имало 48 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 25 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, три за минување на црвено светло, 13 за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.
Од МВР потсетуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство