Во Скопје вчера 14 сообраќајки, петмина повредени, пајакот отстранил 105 возила
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.
Од нив, девет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, двајца пешаци и еден велосипедист.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 66 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 24 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 50 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор, од нив на 25 покрај поканата за глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 105 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Димитар Македонски“ кое се наоѓа во населба Лисиче, општина Аеродром, со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември