Во Скопје вчера 11 сообраќајки, 4 лица повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.
Од нив, седум се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден возач на велосипед и двајца пешаци.
Oд страна на сообраќајната полиција вчера откриени и санкционирани се 19 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Шест возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, како и 13 возачи кои го користеле мобилниот телефон, односно не го користеле сигурносниот појас.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје и денеска продолжува со предавања во средните училишта на подрачјето на градот Скопје на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и други психотропни супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ на кои ќе присуствуваат учениците од трета и четврта година.
Со почеток во 21 часот во арената „Борис Трајкоски“ музичката група „Нокаут“ ќе одржи концерт. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава