Loading Video...
Спорт плус
20. јуни 2020 - 19:46

Во Скопје се трчаше хронометар на 10км

Конечно по неколкумесечната пауза поради пандемијата во Скопје денеска се одржа спортски настан и тоа хронометарска трка на 10 километри на кејот на Вардар. 
Ова беше нова и иновативна трка ХалкЕко Хронометар со поединечни стартови на сите учесници под мостот Гоце Делчев до вливот на Лепенец во реката Вардар и повторно до мостот гоце Делчев и се одвиваше според специјален протокол од Комисијата за заразни болести. 
Победник кај мажите беше Дарио Ивановски со време од 30 минути и 57 секунди пред Атанас Анчевски и Александар Кираџиев додека кај дамите најдобро време од 37 минути и 15 постигна Адријана Поп Арсова пред Биљана Кираџиева и Мињана Ристиќ. 
 
„Денеска покажавме и ние како организатори и тркачите како учесници, дека и во вакви услови на пандемија, кога се преземени сите мерки и протоколи можеме да функционираме  - изјави Кире Синадиновски, директор на трката.