Во Скопје објавена мапа, а во Куманово листа на маркети кои вршат достава на храна во овие два дена
Град Скопје во соработка со GDI Skopje изработи интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за време на полицискиот час на територијата на сите скопски општини.
На мапата, како што соопшти Град Скопје, ќе ги најдете сите дејности што ви стојат на располагање во вашата општина, и во согласност со вашите потреби може да направите онлајн или телефонска нарачка за достава.
– Важно е да се напомене дека оваа мапа постојано ќе се надополнува со нови информации и дејности, додаваат од Градот.
Во Куманово се пријавиле поголем на економски оператори, маркети за овој викенд, во однос на претходниот за набавка на потребните намирници за граѓаните. Општина Куманово на својата страна објави список на маркети кои ќе вршат достава на храна.
Сите фирми кои се подготвени и имаат желба да се вклучат во оваа акција, општината ги повикува да ја контактираат на е-маил адресата info@kumanovo.gov.mk и телефонскиот број 078/365-061, за координација на понатамошните активности во врска со оваа акција.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух