Македонија
5. јуни 2021 - 10:17

Во Скопје 328 сообраќајни прекршоци, 102 за брзо возење

На територијата на Град Скопје вчера изречени се вкупно 328 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина – 102 санкции, 26 за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за управување под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Изречени се 26 санкции за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 11 за некористење сигурносен појас, шест прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возач почетник, 70 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласува МВР.