Во штипската населба „Баби“ инвестирани 7,5 милиони денари
Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните работи на улицата број шест во населбата „Баби“, каде сопствениците на индивидуални куќи одамна ги имаат платено комуналиите, а сега се реализира водоводната и канализациската мрежа и се поставува асфалт на улицата.
- Асфалтирањето на оваа улица број шест ќе чини 1.667.000 денари без вклучено ДДВ, односно 1.967.060 денари со вклучен ДДВ.За асфалтирање на улица број седум беа вложени 3.340.000 денари без ДДВ, односно 3.941.200 денари со вклучен ДДВ. Ова е уште едно ветување за кое се зафативме од самиот почеток на мандатот и е потреба на граѓаните од населба Баби, рече Бочварски.
Тој нагласи дека изминатите 6,5 месеци во штипската населба „Баби“ од буџетот на Општина Штип во инфраструктура се инвестирани речиси 7,5 милиони денари.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот