Во Штип заменети 2.300 стари водомери во домаќинствата
Пет екипи на штипското комунално претпријатие интензивно работат на промена на старите со нови водомери во домаќинставта и фирмите. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев денеска рече дека екипите почнаа со замената на водомерите во населбата „Баби“, која е една од поголемите населби во градот.
- Ова е голем проект за нас. Од 11.500 водомери веќе се заменети 2.300. Денеска се наоѓаме во населба „Баби“, каде ќе бидат проеменети сите водомери. Нашите екипи интензивно работат на терен и за неколку дена очекуваме во населбата да бидат заменети сите водомери. Со тоа граѓаните ќе добијат прецизно мерење на водата, а ние ќе ги избегнеме загубите кои што ги имаме на водата, вели Бојаџиев.
Очекува дека до Нова година ќе заврши реализиацијата на овој голем проект во Штип, кој е финансиран од Владата и од Министерството за транспорт и врски.
Проектот на замената на стари со нови водомери во Штип чини над 1.500.000 евра и е најголем проект, кој го реализира штипското комунално претпријатие „Исар“.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси