Во северно Мексико убиени шест полицајци

Вооружени напаѓачи синоќа убија шест полицајци во северниот дел на Мексико, каде картелите се борат за контрола на трговијата со дрога.
Полицајците се застрелани кога влегувале во спортска сала во Закатекас. Гувернерот на мексиканската сојузна држава Закатекас, Дејвид Монреал инцидентот го нарече „кукавички напад“. Во Закетекас изминатите години насилството е во пораст поради територијалниот конфликт меѓу картелот Синалоа и новата генерација на Халиско за контрола на профитабилните патишта за шверц на кокаин до САД.
Во јануари беа пронајдени десет тела во комбе оставено пред палатата на гувернерот во Закатекас. Околу 340.000 луѓе во Мексико почина од насилна смрт од 2006 година кога Владата распореди војска за да се бори против наркокартелите.
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
