Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод

По инцидентот за време на претставувањето на новиот севернокорејски воен брод, уапсени се три лица, објави севернокорејската државната новинска агенција КЦНА.
На неуспешното лансирање, на кое присуствуваше и севернокорејскиот лидерот Ким Џонг-ун, оштетен е воен брод тежок 5.000 тони. Тој наведе дека инцидентот го нарушила достоинството на земјата и вети дека ќе ги казни одговорните.
Уапсени се главниот инженер на бродоградилиштето Чонгџин, каде што е изграден бродот, како и раководителот на изградбата и административниот раководител.
Сателитските снимки го покажуваат воениот брод, покриен со церади, како лежи на страна, со крмата свртена кон левата страна, објави Американскиот центар за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС).
Инцидентот се случи на 22 мај откако бродот се заглави и излета од шините пред да биде пуштен во вода.
Ким нареди реновирањето на бродот да биде завршено пред следниот состанок на владејачката партија во јуни. Според КЦНА, поправката на бродот продолжува со забрзано темпо.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
