Во септември ќе се прославува прогласувањето на Мајка Тереза за светица
На 4 септември 2016 година во Рим ќе се одржи церемонија на прогласувањето на Мајка Тереза за светица на Католичката црква во целиот свет.
По тој повод Скопската бискупија ќе приреди татковинска прослава „Денови на блажена Мајка Тереза“, која ќе започне во Скопје веднаш по нејзината канонизација во Рим.
За Програмата на прославата посветена на Мајка Тереза и нејзиното прогласување за светица, денеска на прес-конференција ќе информираат Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монсињор Киро Стојанов и Валентина Божиновска и директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
- Сведоци сме на големи настани во историјата на човештвото и во историјата на нашата црква. Тоа што еден народ, крај или град може да го доживее како најголема радост е славата на припадникот на тој народ, на таа земја или град. Сите нас не израдува веста дека блажена Мајка Тереза, која е родена во Скопје и била наша сограѓанка до своите 18 години, на 4 септември 2016 со чест ќе биде издигната на олтарот, како светица на Католичката црква во целиот свет, се посочува во пораката на бискупот Стојанов за прославата.
Според најавата од Скопската бискупија, прославата ќе се одвива во текот на целата седмица од 5 до 11 септември, а ќе заврши со Ефхаристичко славење кое ќе се случи на местото на нејзината родна куќа при што ќе биде прогласено светилиштето на света Мајка Тереза.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп