Во Саудиска Арабија запленети 46 милиони таблети амфетамин

Властите во Саудиска Арабија соопштија дека заплениле 46 милиони таблети амфетамин, шверцувани во пратка брашно што е и рекордна заплена на дрога во земјата.
Безбедносните сили ја следеле пратката додека пристигнувала во пристаништето Ријад, каде што била во складиште, соопшти саудискиот генерален директорат за контрола на наркотици (ГДНЦ). Во рацијата во магацинот се уапсени шест Сиријци и двајца Пакистанци. Саудиска Арабија е најголемиот пазар за таблети фенетилин. Фенетилинот обично е мешавина од амфетамин, кофеин и разни филери и наводно е една од најпопуларните дроги меѓу младите богаташи во Саудиска Арабија.
Глобалната трговија со фенетилин рапидно расте и минатата година беше проценета на 5,7 милијарди долари, според неодамнешниот извештај на Институтот New Lines. Портпаролот на ГДНЦ рече дека пратката од 46.916.480 таблети амфетамин запленети во Ријад е „најголемата операција на шверц на толкава количина на наркотици во Саудиска Арабија“.
Според законите за наркотици во Саудиска Арабија, лицата осудени за трговија со дрога може да бидат осудени на смрт, иако постои мораториум на егзекуции за ненасилни злосторства поврзани со дрога од 2021 година. ГДНЦ не соопшти од каде потекнуваат запленетите таблети, но се верува дека најголемиот дел од фенетилинот запленет во Заливот потекнува од Сирија и Либан
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
