Македонија
4. May 2026 - 19:45

Судење за „Пулс“

Труење со јаглерод моноксид е главна причина за смртта на починатите во Пулс. Ова го покажале испитувањата на Институтот за судска медицина, кои денеска во судницата во Идризово ги презентираше директорот на установата.

Според Станков, концентрацијата на јаглерод моноксид кај починатите се движела од 10 до 40 проценти. Освен гасот кој предизвикува мускулна слабост, а подоцна и смрт, фатални биле уште густиот чад и високата температура.

Испитувањата откриле дека кај дел од жртвите имало присуство и на цијанид, алкохол и дрога, но според Станков, тие не биле главна причина за смрт.

Адвокатите најмногу се интересираа за влијанието на алкохолот и наркотичните средства, но според испитувањата на судска медицина, нивното влијание во причните за смрт, било минорно. Родителите повикаа тоа да не се користи за манипулација.

Станков појасни дека клучна улога имале и амбиенталните услови, кои според него наликувале на крематориум, бидејќи како што рече за време на пожарот во дискотеката, температаурата достигнала 700 степени.