Свет
15. March 2017 - 16:59

Во самоубиствен напад во Дамаск загина најмалку 25 луѓе

Најмалку 25 лица загинаа во самоубиствен напад во главниот град на Сирија, Дамаск, јави државната новинска агенција САНА.

Бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот на влезот на Палатата на правдата, главната судска зграда во центарот на Дамаск. Во близина се наоѓа и пазарот Хамидија.

Во саботата во Дамаск во два истовремени напади загинаа над 40 лица, поголемиот број од нив ирачки шиитски верници. Одговорноста за нападите ја презеде џихадистичката коалиција предводена од групата Џебхат Фатах ал Шам, кој до скоро беше огранок на Ал Каеда.