Македонија
24. October 2015 - 14:53

Во Прилеп осветена новата црква „Света Петка“

Во Прилеп денеска беше осветена новоизградеаната црква „Света Петка“. Со чинот на осветување чиноначалствуваше Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г-дин Петар, по што следуваше и свечена литургија.

Црквата изградена во византиски-црковен стил, има средишен објект кој е целосно завршен, камбанаријата е 80 проценти завршена, а догодина, како што е најавено, ќе се доуреди просторот околу црквата и административниот дел. Внатрешноста на црквата  е фрескоживописан. Досега се фрескоживописани олтарскиот дел и двете кубиња. Иконостасот и олтарскиот дел се од мермер.

На чинот на осветување присуствуваа градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, пратеници во Собранието на РМ, претставници на бизнис секторот и голем број граѓани.  

Градоначалникот Ристески по овој повод посочи  дека чинот е голем и значаен затоа што по 100 години се гради и се осветува ваков црковен храм во Прилеп.

- Црквата „Света Петка“ се градеше со години од донации од бизнис секторот, граѓаните, од верниците и од институциите“. Посака многу здравје, љубов и среќа за сите, изјави градоначалникот Ристески.