Македонија
19. February 2024 - 12:18

Во Прилеп одбележани 80 години од Февруарскиот поход

По повод 80 години од Февруарскиот поход во Прилеп се одржа традиционален планинарски марш по врвиците на истиот во околината на прилепската околина, со крајна цел манастирот Свети Димитриј кај селото Селце. Походот се одржал од 31 јануари до 24 февруари 1944 година, каде што учество зеле голем број партизани од партизанксите одреди на Македонија. Големината во одржувањето на Февруарскиот поход е во тоа што тој има судбоносно влијание врз понатамошниот тек настаните од НОВ во нашата држава. Походот го организирал главниот штаб на НОБ на Македонија под раководтсво на командантот генерал Михајло Апостолски, членовите на ЦК на КПМ, делегатот на Врховниот штаб на КПЈ, Светозар Вукмановиќ Темпо, а во организацијата учествувала и британска мисија на чело со мајорот Џорџ Квајн.

„Неговото значење е огромно бидејќи со Февруарскиот поход се создале слободни тетории, онаму каде што поминувале бригадите се формираат народноослободителни одбори, што значи се наѕира формирањето на Македонската држава“, изјави Рубин Белчески, историчар и Претседател на Општинската организација на борци од Прилеп и почитувачи на нивното дело.

Походот се одвивал во премногу тешки, зимски услови со постојани борби со фашистичкиот окупатор. Акциите придонесле за брзо време да се создаде слободна територија во кумановско кај манастирот Свети Прохор Пчински и набрзо потоа, да се одржи и Првото заседание на АСНОМ.

„Акциите допринесле за брзо да се создаде слободна територија во манастирот Свети Прохор Пчински и набрзо потоа, да се одржи Првото заседание на АСНОМ на кое се удрени темелите на Демократска федеративна Македонија како составен дел од Демократска федеративна република Југославија. Секако дека тоа покасно во услови на референдум државотворните одлуки на АСНОМ претставуваат и основа за референдумот од 8 Септември 1991 година за прогласување и изгласување од страна на граѓаните, за самостојна и суверена Република Македонија“, додаде Белчески.

Настанот заврши со посебна пригода и традиционален ручек за сите учесници кои освен од Прилеп ги имаше од повеќе градови од Македонија.