Во Прилеп кај едно лице пронајдена дрога, санкционирани и 24 возачи
Во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.
За време на контролите, информираа денеска од МВР, едно лице е лишено од слобода, бидејќи кај него е пронајдена бела тврда материја и против него ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.
Во периодот од 21 до 04:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровела засилена акциска контрола на територијата на Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 24 возачи, од кои 23 возачи се исклучени од сообраќај.
Од нив, осум возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 возеле без важечка возачка дозвола, а санкциониран е и такси превозник кој не поседувал комплетна документација.
Ново на Сител
-
Дачиќ утре доаѓа во Македонија - во Куманово ќе се сретне со Тошковски
-
Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра
-
Багерист во Мирковци пронашол експлозив
-
Кривична против седум лица за „несовесно работење во службата“ - Предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32,000 евра
-
Кривична пријава против 50 годишен скопјанец - Нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
-
Малолетници нападнале соученик и се обиделе со тврд предмет да го силуваат
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
-
ЕСМ Снабдување со топлина со апел до потрошувачите за навремена подготовка за непречена испорака на топлинска енергија