Македонија
9. October 2024 - 15:35

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер

Во Охрид вчера полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода  У.Д.(44) од Охрид.

При претрес во апартманот во Охрид, кој привремено го користел, извршен со судска наредба, како што соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Toj бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ново на Сител