-->
-->
Во Полска ќе биде формиран посебен орган за финансирање на невладини организации
-->
Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша закон за создавање на специјален орган за финансирање на невладини организации.
Полската опозиција ја критикува мерката како обид за контролирање на невладиниот сектор.
Новиот орган ќе биде составен од високи претставници на неколку полски Министерства.
Полскиот вицепремиер и министер за култура Пјотр Глински наведе дека законот одговара на потребите на невладините организации, особено на помалите „кои досега не добиле соодветна поддршка, вклучително и од државата“.
Полскиот претседател го потпиша законот, откако тој кон средината на минатиот месец беше одобрен од страна на полскиот Парламент, каде доминира конзервативната Партија на правото и правдата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис