Свет
14. October 2017 - 9:32

Во Полска ќе биде формиран посебен орган за финансирање на невладини организации

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша закон за создавање на специјален орган за финансирање на невладини организации. 

Полската опозиција ја критикува мерката како обид за контролирање на невладиниот сектор. 

Новиот орган ќе биде составен од високи претставници на неколку полски Министерства. 

Полскиот вицепремиер и министер за култура Пјотр Глински наведе дека законот одговара на потребите на невладините организации, особено на помалите „кои досега не добиле соодветна поддршка, вклучително и од државата“. 

Полскиот претседател го потпиша законот, откако тој кон средината на минатиот месец беше одобрен од страна на полскиот Парламент, каде доминира конзервативната Партија на правото и правдата.