Loading Video...
Свет
9. January 2025 - 12:24

Преглед на вестите од светот

Пожарот во Лос Анџелес однесе најмалку пет жртви и проголта повеќе од 15.000 хектари и илјадници објекти на ридовите меѓу Санта Моника и Малибу. На повеќе од 100.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат бидејќи сувите ветрови со урагански сили ги попречуваат операциите за гаснење на пожарите. Притоа изгоре и луксузен трговиски центар.
Нов пожар избувна во Холивуд Хилс во средата вечерта, принудувајќи повеќе евакуации и бројот на пожари се зголеми на шест во округот Лос Анџелес. Во таа област се наоѓа и Долби театарот, каде што се одржуваат годишните награди Оскар. Објавувањето на номинациите за Оскар следната недела е веќе одложено за два дена поради пожарот, соопштија организаторите. Пожарите коиу се на неколку локции дополнително ги оптоваруваа ресурсите на против пожарната служба.

Болничките служби се под огромен притисок да интервенираат кај лица кои имаат пречки во дишењето од смогот што, според извештаите на медиумите, поради ветерот се шири во многу делови од градот. Големо влијание на брзото ширење на пожарите има и сушниот период. Како резултат на пожарите гувернерот Гавин Њусам прогласи вонредна состојба во Калифорнија. 
Во тек се сеопфатни напори за спасување и помош во Дингри во автономниот регион Ксизанг во југозападна Кина, по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди округот во вторникот наутро. До средата во 19 часот, беа пријавени 126 загинати и 188 повредени, додека над 3.600 куќи се урнати.
Округот, кој се наоѓа на околу 4.500 метри надморска височина, има население од повеќе од 60.000 жители. Најпогодените области се на 20 километри од епицентарот, концентрирани во трите населени места Куогуо, Чангсуо и Кулуо. Вкупно 646 последователни потреси се регистрирани во округот до 12 часот во средата.

Спасувачите ги засилуваат напорите бидејќи стравуваат дека суровите зимски услови и високите височини ќе ги намалат шансите луѓето да преживеат во урнатините на нивните домови и работни места.
Во руски бомбашки напад во средата загинаа најмалку 13 лица, а 18 други се повредени во југоисточниот украински град Запорожје. Руските војници употребија две наведувани бомби за да погодат станбена зона изјави гувернерот Иван Федоров. Најмалку четворица ранети се хоспитализирани во тешка состојба. Русија редовно изведува воздушни напади врз регионот Запорожје, кој нејзините сили делумно го окупираат, како и нејзиниот главен град.