Во Полошко 345 тешки кражби во првите девет месеци
- Во Полошкиот регион во првите девет месеци се регистирани 345 тешки кражби со вкупно претпоставена материјална штета од 32 милиони и 840 илјади денари, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци оваа бројка е за 32 случаи помалку во однос на минатата година. Во овие случаи 147 биле во куќи и станови, 36 во продавници, 20 во моторни возила, пет таканаречени дрски кражби и 45 обиди за тешки кражби.
- Најголемиот број од тешките кражби биле извршени со насилно отворање на влезните врати или прозорците во подрумски простории, на приземјата од објектите или со влегување низ незаклучени врати. Најпривлечни за крадците и годинава се златен накит и пари а неретко одземани се и телевизори, часовници, мобилни телефони, бижутерија и друго. Карактеристично е и тоа што извесен број од тешките кражби пред се на златен накит или парични средства биле внатре фамилијарни односно во нив учествувале најблиски на сопствениците што не е нова и непозната појава на поширокото полошко подрачје рече Јосифовски.
Во истиот период за годинава биле забележании 118 кражби од што 32 се кражби на електрична енергија, 19 на дрва, 16 на моторни возила, две на велосипеди и мотоцикли и на различни други предмети или производи
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро