Во поликлиниката Букурешт првпат третман на калцификати
Поликлиниката Букурешт доби нова опрема од 4 милиони денари за физикална терапија која е ставена во функција за пациентите. Ова е првпат ваков апарат кој третира калцификати, да се инсталира на ниво на здравствен дом и се очекува да ја подобри и доближи услугата до пацинетите. Годишно во оваа поликлиника се третираат 11.000 пацинети на физикална терапија.
Министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на поликлиниката Букурешт истакна дека новата опрема ја замени дотраената која во некои сегменти е набавена во раните 80-ти години.
- Станува збор за апарат кој помага сериозно во третирањето на калицификатите и кој супституира определана медикаментозна терапија. Ваков апрат се набавува првпат во јавното здравство на ниво на здравствен дом и нема друг здравствен дом во Македонија што има ваков апарат, изјави Тодоров.
Според него, оваа опрема сериозно ќе овозможи подобар третман, подигнување на нивото на третман, бидејќи ваков апарат се работел во болнички услови, а ќе ги намали и трошоците за пациентите.
- Вакви апрати има во приватното здравство каде еден третман чини некаде до 1.500 денари, а овде ќе чини 350 денари, сериозно пониска сума. Очекувам жителите во општина Карпош и пошироко да можат да ги користат услугите на овој апрат и на докторите, медицинскиот персонал кој ќе дава ваков тип на здравствени услуги, истакна министерот за здравство.
Тодоров посочи дека сите кабинети во делот на физикална терапија се опремени со нови апарати и очекува дека со тоа и со реновирањето, на поликлиника да се даваат услуги со повисок квалитет на поголем број пациенти.
Директорката на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека се зголемува бројот на пациентите и дека токму во таа насока се набавени и новите апарати.
- Станува збор за најстариот кабинет во здравствен дом. Досегашните опрема беше многу стара, а бројот на пациенти се повеќе се зголемува, рече Баевска-Вучковиќ.
Таа додаде дека физикалната терапија се повеќе станува тренд бидејќи заменува аналгетска, интрамускулна терапија и на поедноставен начин го подобрува квалитетот на животот, особено во најпродуктивниот период од 25 до 50 години.
- Физикалната терапија се повеќе се применува особено во хронично дегеренативни заболувања меѓутоа доста актуелна и во најпродуктивната фаза од 25 до 50 години каде луѓето со болки од различна природа како и калцификатите, кои се создаваат од нераздвиженост, спортски повреди, неправилно вежбање, посоперативно ќе имаат можност да ги добиваат третманите за аналгетско разбивање на калцификатите, рече Баевска.
Апаратот работи со дренирање со удари, а третманот се повторува на пет до шест недели и го одредува докторот.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори