-->
-->
Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните
-->
Во Пехчево почна со работа канцеларијата на МВР за вадење лични документи. Канцеларијата ќе работи секој понеделник од 08:00 до 15:00 часот.
-Во канцеларијата граѓаните ќе можат да извадат лични документи (лична карта и пасош), како и возачки дозволи. Таа е сместена во Полициската станица во Пехчево, информираа од Општина Пехчево.
Досега граѓаните на Пехчево за издавање на нови лични документи ја користеа канцеларијата во Берово.
-Со ова овозможуваме конечно да се реши проблемот со вадење нови лични или замена на изгубени документи за кои граѓаните патуваа до соседната општина, додадоа од Општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија
-
Кривична пријава против дебранец за поседување марихуана
-
Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени