Во општина Чаир отворена „Кока-кола активна зона“

Во Топанско Поле денеска беше пуштена во употреба единаесеттата „Кока-кола активна зона“. Чаирската „Кока-кола активна зона“ го означува почетокот на третиот циклус од проектот, а до крајот на годината ќе бидат поставени уште четири „Coca-Cola Активни зони“ во различни општини.
Директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје Ламбро Патче изрази надеж дека жителите на Чаир ќе го сакаат ова спортско-рекреативно место за дружење, ќе се грижат за него и вистински ќе уживаат во времето поминато тука.
„Кока-кола активноте зони“ се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа.
- Едно вакво спортско-рекреативно катче е повеќе од добредојдено во општина Чаир и благодарен им сум на Пивара Скопје и на компанијата Кока-кола, кои со задоволство го прифатија нашето барање за отворање на зоната и во нашата општина. Се надевам дека „Кока-кола активната зона“ ќе стане најпосетено место во околината, каде жителите на Чаир ќе имаат можност за рекреација, дружење и забава, изјави градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу.
Во изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Кока-кола“ реализираа повеќе проекти, меѓу кои „Кока-кола фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди и десетте „Кока-кола активни зони“ од 2016 и 2017 година за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
