Во Општина Центар за седум дена санкционирани 237 непрописно париирани возила
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје за седум дена санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Тие инфoрмираат дека во периодот од 26-ти февруари до 3 март со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети биле 128 непрописно паркирани возила, додека со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 109 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Воедно најавуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места. Целта е да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Ново на Сител
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени
-
Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
-
Македонија и Бугарија се договорија за железницата - ќе се ревидира проектот и цената за изградба
-
Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани