Во охридската болница има уште 3 слободни кревети
Порастот на бројката на новозаболени од коронавирус ги исцрпува капацитетите за сместување во охридската болница. Моментално хоспитализирани се 28 пациенти од кои 8 се на кислородна поддршка. Слободни има уште три кревети, од болницата прават планови да биде ставено во функција и хирируршкото одделение, а во лекувањето на болните од Ковид 19 покрај докторите од инфективно вклучени се и интернистите.
За само еден ден регистирирани се 23 лица со што бројот се искачи на 106 активи случаи.
Од Центарот за јавно здравје велат дека поголемиот дел од новите заразени лица се поединечни случаи дел се заразиле на дружби и прослави, дел не знаат како, а има и такви кои при тест за патување дознале дека се позитивни.
Инаку локацијата и приодите за модуларната болница која ќе има 40-на легла се обезбедени, но се уште не е изградена.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар