Loading Video...
Спорт плус
2. August 2022 - 15:34

Во Охрид одржан 43-тиот традиционален „Илинденски куп“ во пливање

Традиционално на големиот македонски празник Илинден во Охрид се одржува пливачкиот Илинденски куп
 
По 43-ти пат на Илинден се одржа популарниот „мал-маратон“ односно „ Илинденскиот куп“ што се плива на делницата од 2,5 километри, од плажата „Горица“  до охридското пристаниште.
 
На мини-маратонот настапија вкупно 44 пливачи, од кои 29 во машка и 15 во  женска конкуренција, поделени во две категории, до 16 години, односно од 17 до 35 години.
 
Во повозрасната категорија, кај мажите победи 18-годишниот Кристијан Стојаноски од Скопје кој исплива во време од 31.38.74 минути, додека во женска конкуренција прва до целта стигна Ивана Неделковска (родена 2006), со време 34.34.25 минути. 
 
Во помладата категорија до 16 годнини, најбрз во машката трка беше Никола Велковски (2010) од ПК Вардар Скопје (36.52.16 мин.), додека кај девојчињата тримфира Сара Јанковиќ (2008) од ПК Скопје (со време 33.08.16,минути). 
 
И годинава покровител на Илиндеснкиот пливачки куп беше Општина Охрид.