Во Охрид и денеска протестен марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Граѓани на Охрид попладнево повторно излегоа на улица, во знак на поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
- Тука од Охрид каде живеам, творам, пеам, повторно се собравме да повториме, по не знам кој пат, за заедничка унитарна Македонија, во соживот со сите етнички заедници што живеат тука. Апелираме до сите релевантни фактори да го слушаат гласот на народот, изјави во име на граѓаните естрадниот уметник Петар Нечески.
Делче Максимоски од своја страна ја искористи можноста да им се обрати на собраните сограѓани, со повик за зачувување на унитарниот карактер на државата.
- Македонците се најстар народ со најстар јазик и писмо во светски рамки. Тоа сакаме да им го предадеме на нашите поколенија како аманет, и со таа цел е и оваа наша борба за задржување на унитарноста на Македонија, рече Максимоски.
Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.
Според активистите на движењето „За Заедничка Македонија“, протестите нема да запрат и во случај да се формира нова влада меѓу СДСМ и албанските партии.
https://
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница