Во О. Илинден положено цвеќе на споменикот на војводата Васил Аџаларски
Општина Илинден во пресрет на Денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври, традиционално го одбележа празникот со положување на свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населеното место Миладиновци.
Делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски положи свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов–Аџаларски, претставници на Советот на Општина Илинден, општинските јавни установи, Сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден, невладини организации и граѓани, соопшти Општина Илинден.
Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Oктомври, е ден кога со гордост се потсетуваме на борците за правда и еднаквост каков што бил Васил Стојанов-Аџаларски, кој е роден во селото Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во 1909 година.
Аџаларски пред и по Илинденското востание бил предводник на поголема чета, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната општина Илинден.
Ново на Сител
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница