Македонија
18. March 2025 - 9:38

Во Македонската амбасада во Брисел отворена книга на жалост за трагедијата во Кочани

Во Амбасадата на Република Северна Македонија во Белгија до петок ќе биде отворена книга на жалост за жртвите во трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во неделата. 

- Во врска со трагичниот настан во Кочани во кој животот го загубија голем број, пред се, млади лица, известуваме дека во Амбасадата е отворена книга на жалост во која можете да изразите сочувство и да оставите своја порака, информира македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Тошевски. 

Заинтересираните граѓани ќе можат да изразат сочувство во книгата секој ден од 10 до 12 и од 13:30 до 15:30 часот, освен в петок, кога книгата ќе биде отворена од 10:00 до 12:00 часот.