Македонија
18. March 2025 - 16:02

Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови

Ги повикувам сите луѓе и ги замолувам да бидат кротки, смирени, трпеливи, да не ги вознемируваме ниту упокоените, ниту нашите страдални болни,туку со молитва кон Бога, со трпение, со смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи, истакна во своето денешно обраќање Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион по несреќата во дискотеката во Кочани, каде што згаснаа животите на 59 лица.

Тој изрази  сочувство до родителите, роднините и блиските на починатите, а на починатите им посака човековљубивиот Бог да ги насели во царството небесно меѓу ангелите и светителите.

- Да им подари вечен живот и царство небесно на постраданите семолистивиот Бог и лекар и исцелител да ги исцели, да ги излечи и повторно да се вратат во своите домови живи и здрави продолжувајќи го својот живот славејќи го бога во покајание, во радост за спасение, им посака митрополитот на повредените.

Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион во своето обраќање рече дека во овие мигови не само Брегалничка епархија, целата наша татковина Македонија и помесната света автохекефална црква МПЦ-ОА е завиена во црно и е трогната на жалење и натажена.

- Секојдневно пристигнуваат сочуства од многу православни епископи и светешнослужители на црквата божја, пристигнаа и од вселенскиот патријарх, гг. Вартоломеј, од српскиот, од романскиот, од бугарскиот, од многу епархиски архиереи на Светата црква Христова вселенска, коишто секојдневно заедно со нас ја чувствуваат болката и тагата и се молат и за починатите, и за родителите на починатите, но и за нашите болни чеда, рече г.Иларион.

Тој  се заблагодари на сите добри луѓе во светот како во соседни земји, во Белград, во Софија, Грција, Турција и насекаде каде што ги примија нашите луѓе.

- Деновиве сме на линија и разговраме со нашите луѓе презадоволни се, прекрасно се примени и велат дека од највисок ранг им е искажана помош и висок третман, а луѓето коишто се со нив се сместени и се покрај нив. Секојдневно се молиме. Пак ќе речам Господ Бог да им подари здравје и побрзо да се исцелат, рече г.Иларион.

Митрополитот на Брегалничката епархија порача дека во овој миг кога сме сите во тага и  жал ги разбира сите луѓе, ги разбира и вчерашните луѓе, коишто беа во Кочани и какошто рече „затоа вчера преку нашиот свештеник ги повикав и ги замолив да бидеме смирени да бидеме кротки, да бидеме спокојни, трпеливи“.

- Нашите молитивни и нашите мисли да бидат упатени кон нашите починати, но и кон нашите настрадани за нивно здравје и опоравување и ги повикувам сите луѓе и овде во епархијата кои сме најмногу засегнати и повредени. Но истите луѓе во тактовината, во овој тажен момент, во овој тажен миг, сите заедно да размислуваме и да се подготвиме во овие денови на тага, нашите починати достоинствено да ги испратиме во вечноста во царството небесно. Пред Бога нема мртви, туку сите се живи и самиот Бог е живот и воскресение, рече г. Иларион.

Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион во врска со вчерашните протести во Кочани рече дека ги разбира, за големата болка, големата тага, големата жалост што ја носат, бидејќи, како што рече, на сите тие луѓе им е починат или повреден по некој роднина, близок пријател, брат, сестра, сосед, другар, соученик, сограѓанин...

- Нивниот револт потполно го разбирам, го сфаќам, но замолувам не на таков начин туку на евангелски начин, молитвено, смирено, тивко, достоинствено да ги испратиме во вечноста починатите , а за здравите постојано да се молиме, порача Иларион.

Тој додаде дека иако имало напади од некои луѓе дека црквата ништо не правела, неговото блаженство г.г. Стефан, како татко на нацијата прв изразил сочувство и испратил во СА Синод сочуство и соопштение до настраданите и до семејствата на сите архиереи на МПЦ, рече г. Иларион.