-->
-->
Во Македонска Каменица започна спроведувањето на проектот „Хуманоста на дело“
-->
Вкупно 19 невработени лица го започнаа својот ангажман како дел од програмата за општинско-корисна работа која како дел од проектот „Хуманоста на дело“ во Македонска Каменица ќе се спроведува во наредните неколку месеци. На првиот состанок поддршка на ангажираните лица им даде градоначалничката Соња Стаменкова која истакна дека овие лица преку својот ангажман ќе имаат можност во наредниот период да ја покажат својата хуманост на дело.
-Во нашата општина почна имплементацијата на Програмата „Општинско-корисна работа 2018“, која е финасирана од УНДП и Агенцијата за вработување на Република Македонија во соработка со општина Македонска Каменица. Во Програмата „Општинско-корисна работа“ се ангажирани 19 лица кои според потребите на општината се ангажирани во неколку образовни процеси во училиштата, во детската градинка „Бамби” и Центарот за лица со посебни потреби, рече Стаменкова.
Додава дека освен ангажманот во споменатите установи дел од ангажираните ќе вршат нега на болни и изнемоштени лица.
За лицата кои со својот ангажман се вклучени во спроведување на програмата во наредниот период е обезбеден паричен надомест од девет илјади денари кои им следуваат за 20 работни часови во текот на неделата. За времетраење на работниот ангажман на ангажираните лица-корисници на социјална помош ќе им биде активно правото на користење на истата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит