-->
-->
Во Македонска Каменица почна уредувањето на централното градско подрачје
-->
Општина Македонска Каменица започна со уредување на централното градско подрачје. Во моментов се работи на расчистување на коритото на Каменичка Река, а паралелно со тоа, се поставува и нова урбана опрема на целата територија на општината.
Техничкиот директор на ЈП „Камена Река“, Влатко Димитровски истакна дека екипи од ЈП „Камена река“ работат на уредување на зелените градски површини кои беа оштетени при изведбата на разни градежни активности во Македонска Каменица.
- Поради градежните активности во минатото голем дел од тревните површини низ општина Македонска Каменица беа уништени или оштетени. Врабитените во Ј.П „Камена Река" во текот на минатиот месец активно работеа на насипување на квалитетна земја, рамнење на теренот со градежни машини и обновување на тревните површини каде е посеана трева. Овие активности ќе продолжат и во текот на овој месец , сѐ со цел враќање на сјајот и убавината на оштетените тревни површини, истакна Димитровски.
За оваа сезона ЈП „Камена Река“ во своите оранжерии произведе 12 илјади пролетни цвеќиња кои ќе бидат засадени низ централното градско подрачје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата