Во Македонска Каменица изведена стенд-ап комедијата „Вештачка интелегенција“

Комичарот Никола Тодоровски синоќа во киносалата во Македонска Каменица ја изведе стенд-ап комедијата „Вештачка интелегенција“.
Комедијата е дел од „T Sound Festival“, кој е поддржан од Министерството за култура, Културно-информативниот центар „Романса“ и општина Македонска Каменица. Комедијата е дел од манифестацијата „Нов културен бран 2018“.
- На наше огромно задоволство, во киносалата во Македонска Каменица имаше голем број љубители на стенд-ап комедијата. Ова е настан кој само ни дава мотив сите понатаму да продолжиме да бидеме активни чинители во воздигнувањето на културниот живот во Македонска Каменица. Благодарност до АСГАРД на чија иницијатива се реализираше оваа активност, рече Горан Огнановски, раководител на КИЦ „Романса“.
Тој додаде дека Културно-информативниот центар „Романса“ во рамки на „Нов културен бран 2018“ ќе организира и други претстави за чие време на одржување јавноста ќе биде информирана на време.
Настанот, како што информираа од Здружението „АСГАРД 2015“, имаше хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билети ќе биде дониран за подобрување на егзистенцијалните услови на фамилијата Спасевски.
Ново на Сител
-

Јавните претпријатија тонат во долгови и трупаат загуби
-

Загрижени родители со петиција за забрана и строго регулирање на социјални мрежи за деца под 16 години
-

По втор пат одложено судењето на Стојанче Зарков, обвинет за убиство на сопствената мајка
-

Николоски најави нов експресен пат за поврзување на Коридор 10 со бугарскиот Коридор Струма
-

Нов закон за судски совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за Пулс - Вработени во Министерството за економија негираат поврзаност со трагедијата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во 2018-та гласал за градење мигрантски кампови во Македонија
