По втор пат одложено судењето на Стојанче Зарков, обвинет за убиство на сопствената мајка
По втор пат, за само неколку денови, повторно одложен судскиот процес против 54 годишниот Стојанче Зарков, обвинет дека на 8 август во семејниот дом ја убил својата 84 годишна мајка. Судењето беше закажано за денес, но утринава судот добил известување од затворот во Куманово, дека поради влошена здравствена состојба, обвинетиот не може да присуствува на закажаното рочиште.
-Во 10:20 часот од Затвор Куманово, каде издржува мерка притвор обвинетиот Стојанче Зарков, се јавија и го известија Судот дека се пожалил на здравствени проблеми, денес пред тргнување за Штип, заради судењето и оттаму откако бил прегледан од затворскиот лекар, констатирал дека треба да биде пренесен во болница, каде треба да му биде извршен дополнителен преглед во однос на неговата здравствена состојба, изјави Сашко Георгиев, сидија во Основен суд – Штип.
Минатата недела постапката беше пролонгирана по барање на обвинетиот, кој побара дополнително време за да го протолкува извештајот од ДНК анализите, како и вештачењето на ножот што беше приложен како доказен материјал од страна на Обвинтелството. Новото судско рочиште е закажано за 30-ти декември.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
