Свет
20. April 2019 - 18:40

Во Лондон уапсени 718 активисти против климатските промени

Лондонската полиција денеска соопшти дека уапсила 718 учесници на протестите против климатските промени, кои изминативе денови во неколку наврати ги блокираа сообраќајниците во Лондон.

Организатор на протестите е здружението за заштита на природата „Бунт против изумирањето“, кое се залага за намалување на емисиите на штетни гасови и за спречување на климатски промени.

Активистите на движењето изминатава недела го попречуваа движењето на сообраќајот низ Лондон, блокирајќи повеќе клучни сообраќајници, како улицата „Оксфорд Сиркус“, мостот „Ватерло“ и реонот околу Триумфалната порта.

Полицијата соопшти дека нема да ги забрани протестите на активистите против климатските промени, но нагласи дека ќе им биде дозволено да протестираат само околу Триумфалната порта.