Во Лондон, Париз и Берлин се одржаа демонстрации за поддршка на Израел и ослободување на заложниците во Газа
Илјадници граѓани ширум Лондон, Париз и Берлин се собраа денеска за да го поддржат Израел и да побараат ослободување на заложниците кои се држат во Појасот Газа.
Неколку илјади луѓе го претворија познатиот лондонски плоштад Трафалгар во море од израелски знамиња и жолти балони, симболизирајќи ги 132-та заложници кои останаа заробени откако беа киднапирани на 7 октомври, пишува „Тајмс оф Израел“.
Некои поддржувачи држеа транспаренти на кои пишуваше „Останете крај Израел“ и „Никогаш повеќе не е сега“, додека говорниците од бината ја предводеа толпата со барањата „Донеси ги дома“.
Неколку стотици лица маршираа и низ улиците на Берлин, веејќи израелски знамиња, барајќи „итно“ ослободување на заложниците.
Учесниците на маршот носеа натписи „100 дена во пеколот“ и „Веднаш донесете ги заложниците дома“.
Други држеа транспаренти со кои ја критикуваа израелската Влада за „предавство на заложниците“ и повикуваа на „итен прекин на огнот“. Во Париз се одржаа демонстрации во близина на Ајфеловата кула.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје