Во кумановската касарна „Боро Менков“ одбележан 26-ти февруари, Денот на единицата
Припадниците на првиот пешадиски баталјон, денеска во кумановската касарна „Боро Манков“ со воена свеченост го одбележаа 26-ти февруари, Денот на единицата.
Пред присутните се обрати потполковник Мирче Тасев, командант на првиот пешадиски баталјон, кој се осврна на историските настани и битката водена на денешен ден пред 76 години во кумановско Жегљане, каде е формираната Третата Македонска Ударна Бригада, укажувајќи дека припадниците на единицата се горди што ги продолжуваат традициите на оваа славна бригада.
– Денес, првиот пешадиски баталјон претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен и извежбан за извршување на борбените задачи во сите временски и теренски услови и во согласност со стандардите на земјите на НАТО, рече Тасев.
Пред присутните припадници на Армијата и гости се обрати и началникот на штабот на првата пешадиска бригада, полковник Дејан Чиплаковски, кој истакна дека баталјонот е препознатлив по врвната обученост и професионализам, потсетувајќи на добиените одликувања и на учеството во вежбата „Одлучен Удар“.
По повод одбележување на 26 ти Февруари, Денот на единицата делегација од кумановската касарна положи свежо цвеќе пред спомен плочата во село Жегљане.
Во рамки на прославата беа доделени, награди и пофалници за припадниците на единицата, а следуваше и презентација на дел од вооружувањето, опремата и возилата со кои располага единицата.
Ново на Сител
-
Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија
-
Се уште трае блокадата на РТС во Белград
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина