Се уште трае блокадата на РТС во Белград
Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. При акцијата на полицијата беа истуркани студентите во блокада кои не дозволуваат влегување во РТС од понеделникот навечер.
Студентите трет ден по ред ги блокираат зградите на РТС на улицата Таковска во центарот на Белград, и на Кошутњак. Тие најавија блокада до понатамошно известување, односно до објавување на нов конкурс за РЕМ или до затворање на РТС.
Државната телевизија синоќа не го емитуваше Третиот дневник туку објави реприза на Вториот дневник, објавија студентите во блокада.
Во понеделникот вечерта беа блокирани влезовите во зградите на РТС во Белград и на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад.
Од вчера утрото поставени се и бели шатори пред Собранието на Србија во центарот на градот без да се знае кои се луѓето внатре и што е нивна цел.
За денеска во Краљево студентите во блокада ќе одржат протест – „Пумпај, пумпај Ибар водо“. Почетокот на протестот е закажан за 8 часот и треба, според најавите на социјалните мрежи, да трае до полноќ.
Студентите во блокадата на Машинскиот и Градежниот факултет во Краљево изјавија дека се планира блокада на четири сообраќајни точки во градот, како и блокада на две институции.
Од синоќа во Краљево се пристигнати студенти и матуранти од повеќе градови во Србија.
Ново на Сител
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин