Во Куманово презентиран проектот „АРМ-мој вистински дом“
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во присуство на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на ЗОК, бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска пред преставниците од гарнизонот од Куманово го презентираше проектот „АРМ - мој вистински дом“.
Со проектот припадниците на АРМ, можат по поволни услови да го решат станбеното прашање. За почеток планирана е изградба на една зграда која ќе има 45 стана, но проектот ќе се развива согласно потребите и интересот на припадниците на Армијата за овој проект.
Предвидено е да се изградат 560 стана. Направен е правилник, формирана е комисија. Министерството ќе ги покрие трошоците за земјиштето, проектот и комуналиите на градот Скопје и општина Карпош. Во тек е подготовка за објавување на тендер за да се избере најповолниот понудувач, градежна фирма и паралелно тече огласот за купување стан.
Огласите, подвлече министерот Јолевски, перманентно ќе се повторуваат. Припадниците на АРМ ќе можат да купат еднособни, двособни и трособни станови и паркинг место. Кога ќе се заврши градбата ќе се склучи договор, а припадниците на АРМ ќе треба да уплатат 30 отсто од вредноста на станот.
- Денеска сме овде во посета на Здружената оперативна команда (ЗОК) во Куманово, имаме средба со припадниците на АРМ и ги информиравме за проектот „АРМ-мој вистински дом“ и за тоа дека планираме почетокот на првата зграда да почне при крајот на декември и почетокот на јануари. Ги информиравме за условите кои што се мошне поволни, под кои можат да купат станови од овој проект и разменивме мислења за целиот проект со припадниците на АРМ, изјави по презентацијата министерот Јолевски.
Додаде дека во сегашната фаза, како што стои во проектот би требало да бидат 560 станови.
- Меѓутоа тоа се повеќе згради и како што постои интерес, така и ќе се градат зградите, така што целиот проект може да биде и многу повеќе од 560 стана, ако има поголем број на заинтересирани, изјави Јолевски. Тој потенцира дека се зависи од интересот, секој припадник на Армијата кој што има интерес да купи стан, со оваа програма ќе може да си купи стан.
Во однос на плаќањето, Министерството за одбрана, преку Владата на РМ, подвлече Јолевски, обезбедува одредено субвенционирање на купувањето на становите.
- Прво што е значајно дека Министерството за одбрана обезбедува земјиште заедно со Владата на РМ и ги плаќа комуналните трошоци. Понатаму кога станот ќе биде готов и кога ќе се склучи договор за купопродажба припадниците на АРМ ќе имаат право да ги откупат овие станови на 20 години, со тоа што, бидејќи, ова е посебна категорија на вработени во АРМ, Министерството ќе ја субвенционира каматата во овој период, изјави Јолевски.
На презентацијата, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски подвлече дека идејата на овој проект е што поголем број припадници на АРМ да го решат станбеното прашање. Во моментов отворен е и оглас за купување на стан на кој може да се пријави секој заинтересиран припадник на АРМ.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче