Македонија
27. јуни 2016 - 12:23

Во Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи

Општина Куманово соопшти дека на 29 и 30 јуни на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот, градските паркови.
 
- Дезинсекцијата против крлежи се спроведува како мерка за спречување на вектор преносливи заболувања, стои во соопштението на општина Куманово.
 
Третираните површини ќе бидат видно одбележани.Од општината соопштија дека не е препорачлив подолг престој на површините,особено непосредно по извршувањето на третманот.
 
Доколку,временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата,тогаш истата ќе се одложи и презакаже за друг термин.
 
- Третирањето против крлежите ќе го спроведат стручни екипи,од приватна компанија,ангажирани од општината за таа намена,преку претходно распишан тендер,при што за дезинсекција и дератизација општината одвоји околу 700.000 денари, информраше Гордан Таневски,комунален редар од скеторот за инспекциски надзор.
 
Ова е прва дезинсекција против крлежи на подрачјето на општината.