Во Крива Паланка собрани 58 единици крв
На денешната крводарителска акција во организација на Црвен крст-општинска организација Крива Паланка собрани се вкупно 58 единици крв.
Акцијата се спроведе како дел од редовниот годишен план за крводарувања за септември.
– И на денешната акција, која е исклучително успешна, се одѕваа голем број крводарители, поголем број дарители кои редовно даруваат крв, но имаше и значителен број крводарители кои првпат дарија драгоцена течност. Со оваа акција се заокружи и третото тримесечје од годинава, во кое на вкупно пет акции се собрани 210 крвни единици. Вкупно, во сите дванаесет досегашни акции од почетокот на годинава се собрани 574 единци крв, од проектираните 711 за 2019 година, изјави Дарко Пешовски, секретар на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка.
Следната крводарителска акција ќе се спроведе во првата половина на октомври.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица