Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 249 болни
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 11 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.
Вкупно 249 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 92 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-

Две девојки скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација
